21 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИYahoo ги укинува непрофитабилните сервиси

Yahoo ги укинува непрофитабилните сервиси

yahoo (1)

„Yahoo“ продолжува да ги намалува трошоците, а во новата рунда се опфатени помалку профитабилни услуги на компанијата.

Па така ќе бидат изгасени вкупно 7 сервиси кои не ги носат посакуваните резултати. Станува збор за „Yahoo App Search“, „Yahoo Sports IQ“, „Yahoo Clues“, „Yahoo Message Boards“, „Yahoo Updates API“, „Yahoo Avatars“ и „Yahoo app for Blackberry“.

Апликацијата за „BlackBery“ ќе биде достапна до 1-ви април, а по тој датум апликацијата нема да може повеќе да се превзема, а ниту пак за неа ќе се издаваат надоградувања.

Корисниците на услугата „Yahoo Avatars“ беа советувани своите аватари да ги сочуваат на компјутерите, се со цел подоцна да можат да ги користат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП