18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПроизводителот на чипови NXP ја купи партнерската компанија Freescale Semiconductor

Производителот на чипови NXP ја купи партнерската компанија Freescale Semiconductor

freecele

Производителот на чипови „NXP Semiconductors“ постигнал договор да ја купи помалата партнерска компанија „Freescale Semiconductor“, обезбедувајќи на тој начин спојување за над 40 милијарди долари, пишува CNBC.

Трансакцијата која беше прогласена официјално од двете компании доцна во неделата, ќе направи нов гигант, лидер на пазарот на автомобилски и индустриски интегрирани кола.

Покрај сето, договорот е јасен знак дека компаниите од секторот си ја враќаат довербата да остваруваат големи спојувања и превземања во момент кога нивните главни клиенти, како на пример производителите на мобилни телефони, имаат за цел да ги консолидираат нивните снабдувачи. „Freescale“ е еден од најголемите партнери на „Amazon“ во производството на популарниот „Kindle“.

Зделката е четвртото спојување и купување во секторот на производителите на интегрални кола во оваа година и најголемато досега.

Во минатиот месец „Avago Technologies“ изјави дека ќе ја купи безжичната мрежна компанија „Emulex“ за повеќе од 600 милиони долари, додека „MaxLinear“ ја купи „Entropic Communications“ за 287 милиони долари. Во јануари пак „Lattice Semiconductor“ ги доби акциите на „Silicon Image“ за 600 милиони долари.

Акционерите на „Freescale“ ќе добијат по 6,25 долари во готово и удел од 0,3521 во новиот гигант за секоја своја акција. На овој начин вкупната капитализација на „Freescale“ достигна 11,8 милијарди долари.

Компаниите очекуваат договорот да биде финализиран во текот на втората половина на оваа година. „NXP“ ќе финансира договорот со 1 милијарда долари во кеш, 1 милијарди долари нов долг и околу 115 милиони долари од акциите. Акционерите на „Freescale“ ќе поседуваат околу 32% од комбинираната компанија.

Со седиште во Ајндховен, Холандија, „NXP“ работи во повеќе од 25 земји и постигна приходи од 5,7 милијарди долари во 2014-та година. „Freescale“, која е со седиште во Остин, Тексас, исто така е активна на повеќе од 25 пазари и постигна нето продажба за 4,6 милијарди долари во изминатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП