2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИАпликации со кои ќе станете попаметни!

Апликации со кои ќе станете попаметни!

mozok memorija

Со цел мозокот на да ни остане во „форма“, потребни му се уште предизвици и вежби: наспроти мислењето дека апликациите не прават да бидеме „поглупи“, има и такви кои ни помагаат да станеме попаметни.

Истражувањата покажаа дека нервниот систем позитивно реагира на стимулациите кои доаѓаат во форма на различни ментални предизвици, па ако уште не сте го зачлениле вашиот мозок во „теретана“, следи предлог на апликации од кои можете да станете попаметни:

1. Elevate

Апликацијата на годината во „AppStore“ зa 2014-та е бесплатен фитнес тренер кој ќе ги тестира и предизвика вашите способности за слушање, разбирање и меморија. Содржи и јазични и математички предизвици, а во платената, премиум верзија нуди и поопширни задачи.

2. Lumosity

Нуди вежби преку низа „заразни“ игри, а станува збор за принципи на препознавање, апстракција и брзина на рефлекси. Во зависност од резултатите, апликацијата ги зголемува следните нивоа. Таа е бесплатна на двете платформи, со премиум верзијата се добиваат повеќе задачи.

3. Fit Brains Trainer

Во понудата се повеќе од 360 игри за вежбање на меморискиот капацитет, концентрацијата и слично. Апликацијата го следи вашиот напредок според демографската група во која припаѓате и го зголемува нивото со секоја совладана препрека.

4. Eidetic

Како што и самото име сугерира, оваа апликација е фокусирана на меморијата. Корисниците можат сами да прават свои картички со списоци (различни „to-do“ листи, список на намирници и слично) кои ќе ги вежбаат, подесуваат нивото на тежина, a aпликацијата сама ќе ве потсети кога е време за вежба. Достапна е бесплатно, но само за „iOS“ уреди.

5. CogniFit Brain Fitness

Собирате „неврони“ предизвикувајќи ги вашите контакти да го надминат вашиот резултат или едноставно вежбајте низ соло игри кои ја тестираат вашата меморија, фокусирање и внимание.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП