20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМебелот на Икеа како полнач за мобилни

Мебелот на Икеа како полнач за мобилни

ikea tehno

Шведскиот гигант за производство на мебел, ќе биде првиот што ќе лансира сет од маси, бироа и ламби што безжично ќе полнат телефони и други апарати.

Новата колекција ќе употребува Qi безжична технологија за да ги наполни со електрична енергија апаратите ставени врз мебелот.

„Преку истражување и посети во домовите на потенцијалните купувачи, сфативме дека луѓето мразат кабли. Тие се грижат за тоа како да го најдат полначот или дека ќе останат без струја во мобилните“, вели менаџерот за осветлување и безжично полнење, Жанет Скјелмосе.

„Нашите нови иновиативни решенија, како интегрирано безжично полнење преку домашниот мебел, ќе го направи животот дома поедноставен“, додава таа.

Новата линија мебел ќе се најде на пазарите во Европа, и Северна Америка во април, велат од Икеа.

Повеќето смартфони сега имаат вградено Qi безжично полнење, што им овозможува да бидат наполнети со елетрична енергија од кој било Qi полнач. Идејата е да се избегнат полначите наменети само за еден модел телефони.

Место тоа, мобилните може да се наполнат со помош на Qi „charging pads” кои работат на принцип на магнетни полиња, а корисниците ќе ги полнат телефоните со едноставно ставање на апаратот врз нив.

Икеа е првиот производител на мебел што ќе вгради вакви полначи во својот мебел.

„Starbucks“ веќе инсталира безжични централи за полнење телефони во дел од американските кафулиња. „McDonalds“, исто така, работи на сличен систем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП