27 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТримесечниот профит на Berkshire Hathaway падна за 19%

Тримесечниот профит на Berkshire Hathaway падна за 19%

Warren-Buffett2222

Холдингот на Ворен Бафет, „Berkshire Hathaway Inc.“ објави за 19% помал профит за четвртиот квартал и покрај доброто претставување на инвестициската единица која заработи 192 милиони долари.

Друштвото со седиште во Омаха, Небраска, располага со десетици компании со бизнис од производство на хемикалии до изградба на станови, како и со масивно портфолио на хартии од вредност. Во основата, сепак, е осигурителниот бизнис, кој ги вклучува „Geico Corp“ и компанијата за реосигурување „General Re“.

„Berkshire“ објави нето добивка во износ од 4,16 милијарди долари, или 2.529 долари по акција од класа А, во споредба со 4,99 милијарди долари, или 3.297 долари по акција, од пред една година. Оперативната добивка која исклучуваат некои инвестициски резултати, била 2.412 долари по акција класа А во споредба со 2.297 долари во 2013-та година.

Аналитичарите анкетирани од „Thomson Reuters“, очекуваа оперативен профит од 2.701 долари по акција од класа А.

Освен тоа книговодствената вредност на акциите од класа А е зголемена за 8,3% до 146.186 до 31-ви декември 2014-та година.

Дел од повлекувањето на профитот се должи на пониските цени на нафтата на глобално ниво од средината на 2014-та година. Ова го принуди Бафет да се повлече во голема мера од енергетскиот сектор. Од крајот на декември „Berkshire Hathaway“ веќе не поседува акции во големите нафтени американски компании „Exxon Mobil“ и „ConocoPhillips“. На крајот на септември „Berkshire“ се уште поседуваше околу 41 милиони акции во вредност од околу 3,7 милијарди долари во „Exxon“ и 471.994 акции во „ConocoPhillips“.

Според некои експерти Бафет дури задоцнил со излегувањето од нафтениот бизнис и претрпел одредени загуби. До излегувањето од „Exxon“ тој беше осмиот по големина акционер во компанијата.

Но, „Berkshire“ не се повлече целосно од енергетскиот сектор. Бафет пример учествува во компанијата „National Oilwell Varco“. Исто така „Berkshire“ го зголеми својот удел во специјалистот по обновлива енергија „Suncor“.

Истовремено „Berkshire“ најави и серија на нови инвестиции. Во последните три месеци беа купени акции за 15,6 милиони долари во компанијата за земјоделска техника „Deere & Co.“. Тој исто така додаде и нови акции на „IBM“ во своето портефолио, зголемувајќи го својот удел во „IT“ концернот со речиси 6,5 милиони акции. Вкупната вредност на учеството во „IBM“ веќе изнесува 12,4 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП