4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНа Apple му се заканува забрана за продажба на iPhone

На Apple му се заканува забрана за продажба на iPhone

xaxa

Зад Apple е најдобриот квартал во историјата во кој продале речиси 75 милиони iPhone и оствариле рекорден приход и профит, но по тужбата од Ericsson, на компанијата и се заканува забрана за продажба на iPhone и iPad во САД.

Минатите години токму Apple беше компанијата што поради кршење на договорите за користење патенти во повеќе наврати бараше забрана за продажба на телефоните на Samsung и големи парични казни.

До минатиот месец компанијата имаше договор со шведскиот производител на телекомуникациска опрема околу користењето на нивните патенти, но по истекот на договорот одбија да го продолжат, под условите што им ги предложи Ericsson.

Заради тоа Ericsson во САД поднесе тужба против нив заради кршење за дури 42 патенти кои се користат во iPhone и во iPad, како можноста за поврзување на 2G, 3G и 4G мрежи, обавување повици, делење податоци и слично.

Портпаролката на Apple, Кристин Хјуџет, за Bloomberg вели дека тие секогаш се подготвени да платат чесна цена за користење патенти во нивните производи, но дека барањата на Ericsson се преголеми.

Одбивање да се продолжат вакви договори не е невообичаено во телекомуникациите, затоа што компаниите на тој начин се обидуваат да добијат поповолни услови односно, поевтини лиценци, а ни судовите не се благонаклони кон сопствениците на важни патенти во телекомуникациската индустрија затоа што сметаат дека не смеат да ја искористуваат својата позиција кон конкурентите, туку да понудат разумна цена за нивно користење.

Токму затоа Apple одбил да го продолжи договорот и се надеваат дека ќе успеат да се изборат за поповолни услови.

Сепак, барањата на Ericsson се сериозни, поради кршење на договорите за користење патенти, од Меѓународната трговска комисија бараат забрана за продажба на мобилните уреди на Apple, плаќање за користење на патентите во иднина, но и отштета за  нанесената штета, иако за  сега не  пресметале колкава штета до сега им нанел Apple.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП