18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCredit Suisse го намали тримесечниот профит за 33%

Credit Suisse го намали тримесечниот профит за 33%

credit suisse 25

Зголемувањето на трошоците поврзани со хипотекарните проблеми во САД го намали за 33% профит на швајцарската банка „Credit Suisse Group AG“ за четвртиот квартал.

Првичното известување на резултатите за кварталот до крајот на декември беше генерално добро прифатено и ја стимулираше побарувачката на акциите на банкарскиот гигант.

„Развојот на целата индустрија, како и судските спорови и истраги во САД поврзани со хипотеки, ги зголемија судските трошоци на „Credit Suisse“ со 277 милиони швајцарски франци (290 милиони долари)“, соопшти банката со седиште во Цирих.

Како резултат на тоа нето добивката беше приспособена до 691 милиони франци во споредба со 921 милиони франци објавени претходно во овој месец.

Credit Suisse“ е предмет на бројни истраги во врска со хипотеките во САД. Според Федералната агенција за станбено финансирање, банката има продадено нелегално пред избивањето на кризата хипотекарни хартии од вредност за 885 милиони долари. Трошоците за делата ги погодија значително финансиските резултати на доверителот за минатата година.

Во 2012-та година обвинителството на Њујорк ја тужеше банката со образложение дека намерно продавала „токсични“ хипотекарни хартии од вредност. До средината на 2012-та година загубите за акциите во 2006-та и 2007-ма година беа во износ од повеќе од 11,2 милијарди долари.

Во последниот извештај, швајцарската банка посочи дека се намалува фокусот на приватното банкарство и бизнисот со управување со средства, во обид да ја подобри својата профитабилност. „Credit Suisse“ потпира на прилив на капитал од клиенти во Азија, за да ги компензира повлечените средства од клиенти во Европа, откако некои од нив се принудени да ги пријават своите сметки пред даночните власти во своите земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП