24 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЗаврши реконструкцијата на манастирскиот комплекс „ Св. Преображение“ во Зрзе

Заврши реконструкцијата на манастирскиот комплекс „ Св. Преображение“ во Зрзе

Zrze_Manastir_Maj_2014_1

Заврши реконструкцијата на манастирскиот комплекс „Свето Преображение“ во село Зрзе, прилепско, којашто опфати реконструкција и внатрешно уредување на ткн Монашкиот конак.

„Согласно проектот за заштита на овој значаен споменик на културата изработен од стручните служби од Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Прилеп беше извршена реконструкција и внатрешно уредување на Монашкиот конак во кој е предвидено да се смести работилницата за иконопис, копаничарство и други дејности кои се негуваат во монашкото братство. Во монашкиот конак, според проектот, беше реконструирана и магерницата“, информираат од Министерството за култура

Во изминатиот период се вршеа, исто така, одредени активности и за конзервација, реставрација и делумна реконструкција на кулата до влезната порта на манастирскиот комплекс во Зрзе, како и делумна реконструкција на североисточниот бедем. На крајот во рамки на завршните активности за заштита на манастирот „Свето Преображение“ беше реализирана изведбата на Горна порта како и партерно уредување на целиот манастирски комплекс.

Претходно на оваа локација беа спроведени големи археолошки истражувања, кои резултираа со пронаоѓање на монашка населба од втората половина на IX век во бигорната карпа и ранохристијанска базилика од V век, што го определува Зрзе како културен центар уште од најраните пројави на христијанството на територијата на денешна Република Македонија.

Паралелно со реконструктивните зафати во состав на манастирскиот комплекс Зрзе, Јавното претпријатие за државни патишта го изгради и локалниот пат кој води до овој значаен културен и верски објект.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП