21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle се реорганизира во Европа поради строгите прописи

Google се реорганизира во Европа поради строгите прописи

google3

Американскиот веб пребарувач „Google“ ги прегрупира своите две европски филијали со цел подобро да се прилагоди на острите прописи на Стариот континент, соопшти вчера извор близок на овој интернет гигант, потврдувајќи ги информациите на Фајненшл Тајмс.

Американската компанија ги спои северноевропската и западноевропската филијала со онаа која е надлежна за јужна и источна Европа, Блискиот исток и Афика, објави изворот.

Реорганизацијата следеше по тешката година за оваа компанија на „фронтовите“ кои се однесуваат на политиката и прописите, без разлика дали во областа на конкуренцијата, оданочувањето или почитувањето на приватноста, не сметајќи ги заладените односи со одредени стопански гранки, како што се медиумите и телекомуникациите.

Регионалното седиште на „Google“ ќе остане во Даблин каде се регрупирани повеќе илјади вработени, а реорганизацијата нема да биде проследена со откази, додава изворот.

Шефот на северноевропската и западноевропската филијала на „Google“, Мет Бритин, ќе управува со новата структура, пренесува Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП