9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПелистерка прогласена за компанија со најголема општествена одговорност

Пелистерка прогласена за компанија со најголема општествена одговорност

pelisterka

Дневниот весник „Битолски весник“ ја прогласи „Пелистерка“ за компанија која покажала најголема општествена одговорност во 2014-та година.

„Пелистерка“ во последната година се докажа како фирма која несебично донира и помага внимавајќи на околината во која работи.

Донацијата од 225 000 тони вода за пиење до поплавените региони во Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска, донираните медицински апарати во вредност од околу еден милион денари наменети за три клиники во земјава – Универзитетска болница КАРИЛ – Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување во Скопје, Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола и Клиничка болница во Тетово, како и донацијата од 50 тони вода во поплавените делови на источна Македонија.

pel

 

„Пелистерка“ и во наредниот период ќе продолжи да се грижи да остане општествено одговорна компанија преку донации и помош до сите засегнати страни како кај нас така и на Балканот и со тоа да постави позитивен пример за останатите македонски компании да тргнат по истиот чекор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП