17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ2,6 милијарди долари казна за Morgan Stanley

2,6 милијарди долари казна за Morgan Stanley

mogi 2

Банката „Morgan Stanley“ ќе исплати 2,6 милијарди долари компензација за да се прекине истрагата против неа. Солидната сума ќе биде платена врз основа на постигнатата спогодба со Министерството за правда на САД.

Банката е под истрага за манипулации при продажба на хипотекарни хартии од вредност, пласирани на инвеститорите, без последните да бидат известени за високиот ризик.

Во соопштението на „Morgan Stanley“ се вели дека сумата од 2,6 милијарди долари ќе биде платена за „решавање на одредени побарувања“. Од Министерството за правда, пак, додаваат дека договорот не е конечен и може да биде променет, во зависност од однесувањето на банката.

„Morgan Stanley“ е најновиот банкарски гигант во САД, кој постигна спогодба со Министерството за правда за исплата на отпремнина заради обезбедување на лажни информации на инвеститорите за ризиците при купувањето на проблематични хипотекарни хартии од вредност.

Во 2013-та година, со цел да се прекине истрагата против неа, што би можело да ја чини многу повеќе, инвестициската банка „JPMorgan Chase“ исплати надомест во износ од 13 милијарди долари. Во 2014-та година, „Bank of America“ пак исплати надомест во износ од 16,7 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП