26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШведска компанија отпушта работници поради падот на цената на струјата

Шведска компанија отпушта работници поради падот на цената на струјата

vattenfall-logo

Шведската енергетска компанија „Ватенфал“ соопшти дека планира до 2014 година да отпушти околу 2.500 работници, заради заштеда на 703 милиони долари, поради падот на побарувачката на електрична енергија и намалувањето на цените на тој енергенс.

Во соопштението се нагласува дека повеќето работни места ќе бидта укинати во Германија и дека околу 1.500 работници ќе бидат отпуштени во Берлин, Хамбург и Корбус. Околу 400 работни места ќе бидат укинати во Холандија, а исто толку и во Шведска.

Соопштението за отпуштање на работници го објавија директорот на „Ватенфал“ Ојстен Лосет и шефот на финансии Ингрид Боде, кои се состанаа со претставници на „Европскиот работнички совет“ на оваа компанија.

Кон крајот на минатата година шведската компанија вработуваше околу 32.800 лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП