3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЛесни вежби за рамен стомак (фото)

Лесни вежби за рамен стомак (фото)

11a

Зајакнете ги мускулите на рацете, нозете и затегнете го стомакот, а бидејќи секоја вежба се изведува од 30 до 60 секунди, не грижете се нема да добиете воспаление на мускулите.

Вежба бр.1

11_620x0

Легнете на стомак на подот, нозете треба да бидат рамни со телото, а рацете ставете ги покрај рамениците. Подигнете се и потпрете се на подлактиците и прстите од нозете, и останете затегнати во оваа положба половина минута.

Вежба бр.2

11a

Во истата положба, односн лежејќи на стомакот вдишете, опуштете го телото, па истовремено подигнете ги и рацете и нозете, потпирајќи се само на стомакот. Ова е идеална вежба за зајакнување на мускулите на грбот и истегнување на ‘рбетот

Вежба бр.3

11b

Повторете ја почетната позиција од вежба бр.1, само овој пат подигнете се до дланката и подигнете ја една рака (на страна или право), а потпирајте се на другата рака. По 30 секунди заменете ги рацете.

Вежба бр.4

11c

Најтешкото странично издржување оставете го за крај. Свртете се на страна и потпрете се на подлактицата, па подигнете го телото. Останете така 30 секунди и потоа променете ја страната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП