19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИT-Mobile US со агресивен раст во последниот квартал

T-Mobile US со агресивен раст во последниот квартал

mobile usa

Американската подружница на германски „Deutsche Telekom“ – „T-Mobile US“, објави се повисоки профити од агресивна рекламна стратегија во четвртиот фискален квартал од годината.

Приходите од продажба се зголемиле од октомври до декември благодарение на многуте нови клиенти за 20% или до 8,15 милијарди долари на годишно ниво. Во прилог на четвртиот по големина мобилен оператор во САД е предвидениот профит од 101 милони долари. Пред една година во четвртиот квартал компанијата објави загуба од 20 милиони долари, пренесе „Bloomberg“.

„Ова беше најдобрата година на раст во историјата на компанијата“, изјави Џон Легере, претседател и извршен директор на операторот.

Бројот на клиентите се зголеми во 2014-та година за 8,3 милиони или до над 55 милиони луѓе. Нето бројот на нови корисници е најголемиот во историјата на компанијата или 4,9 милиони од нив се претплатници со договор. Резултатот ги надмина очекувањата на „T-Mobile US“ која сметаше дека нивниот број ќе достигне од 4,3 до 4,7 милиони.

Четвртиот фискален квартал беше седмиот по ред во кое „T-Mobile“ привлекува повеќе од милион нови корисници. Нето бројот на клиенти на компанијата се зголеми за 89% од 2013-та година.

Така „T-Mobile US“ станува се поголем конкурент на „Verizon“, „AT&T“ и „Sprint“ благодарение на жестоката ценовна војна, како и привлекувањето на клиенти со големи попусти.

Резултатите на „ќерката“ на „Deutsche Telekom“ беа добро примени на берзата, па акциите вчера поскапеа за повеќе од 3%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП