10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГазпром може да ги постигне инвестициските цели и при цена на нафтата...

Газпром може да ги постигне инвестициските цели и при цена на нафтата од 30 или 40 долари

zazaza

Рускиот енергетски гигант „Газпром“ е подготвен да ги реализира сите свои инвестициски проекти, дури цената на нафтата да падне и до 40, па и 30 долари за барел, изјави финансискиот директор на компанијата, Аднреј Круглов.

Во интервјуто за телевизијата Россия 24, Круглов истакна дека во „Газпром“ при формирањето на буџетот за 2105 година го разгледувале сценариото според коешто цените на сировата нафта би се спуштиле и до 40 или дури до 30 долари за барел. „При вакви цени на нафтата, компанијата ќе биде подготвена да ги реализира сите инвестициски проекти“, убедува финансискиот директор.

Додаде дека, дури и во случај цената на нафтата на светските пазари да се одржува на нивото од 40 долари за барел во текот на целата година, рускиот гасен монопол ќе може да ја реализира својата програма за инвестиции.

Круглов рече дека „Газпром“ секогаш ја формира својата инвестициска програма поаѓајќи од најконзервативното сценарио, и ја утврдува пред почетокот на следната година, односно во декември. Притоа, појасни дека активниот период за компанијата, кога се познати резултатите од изминатата година, е ноември. Според него, овој принцип овозможува во инвестициската програма да се вклучат само приоритетните проекти.

Одговарајќи на прашањето дали со запирањето на проектот „Јужен поток“ компанијата претрпува загуба од започнатата градба на инфраструктурата за транспорт и испорака на рускиот гас во Европа, Круглов одговори дека таа целосно ќе биде искористена за реализација на новиот проект, ткн „Турски поток“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП