18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРаст на добивката и приходите на Cisco

Раст на добивката и приходите на Cisco

cis 3

„Cisco“ објави подобри од очекуваните квартални резултати, пред се благодарејќи на добрата продажба на својата мрежна опрема и покрај слабата побарувачка од телекомуникациските оператори.

Во својот втор фискален квартал, кој во компанијата заврши на 24-ти јануари, „Cisco“ оствари вкупни приходи од 11,94 милијарди долари, што е за 7% повеќе отколку пред една година. Во исто време добивката порасна од минатогодишните 1,43 нa 2,4 милијарди долари.

Работењето со хардвер порасна за 7,8% или на 9,08 милијарди долари, од што на работењето поврзано со „switch“ се однесуваат околу 39% приходите, додека на „router“ се 21,2% од приходите. Од услугите, кои го вклучуваат и софтверот и работењето на компанијата во „облак“, придонесоа за околу 2,86 милијарди долари приходи, што е за 4,6% повеќе од една година претходно.

За тековниот квартал од „Сiscо“ најавуваат раст на приходите помеѓу 3 и 5%, со добивка помеѓу 2,4 и 2,5 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП