22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTesco скратува илјадници работни места

Tesco скратува илјадници работни места

tesko 3

Новиот извршен директор на „Tesco“ е подготвен да скрати илјадници работни места, во обид да промени судбината на најголемиот синџир супермаркети во Велика Британија, пишува „CNBC“.

Дејв Луис, кој ја извршува функцијата малку повеќе од четири месеци, се очекува да се насочи кон значително намалување на персоналот. Според локалното издание „The Sunday Telegraph“ најзасегнати ќе се вработени во централните канцеларии на „Tesco“, како и во 43 продавници на „Островот“, кои најверојатно ќе бидат целосно затворени како дел од планот за намалување на трошоците.

Британскиот весник наведува дека на дел од отстранетите продавачи-консултанти ќе им се нудат алтернативни позиции. Сепак вкупниот број на погодени би можел да достигне 10.000. Според „Financial Times“ и „The Guardian“, сепак бројот ќе е далеку помал.

Во синџирот „Tesco“, која има над 3.300 продавници во Велика Британија, во моментов работат 310.000 луѓе, а оваа компанија е најголемиот работодавец во приватниот сектор.

Според зборовите на многумина Луис е совршен човек за реализација на реформите во компанијата. Во 2007-ма година тој освои прекарот „драстичниот Дејв“, откако оствари големо реструктуирање на „Unilever“, испровоцирано од серија од сметководствени скандали и падови на профитот.

Во меѓувреме еден од најголемите конкуренти на „Tesco“ – „Sainsbury“, објави неодамна дека ќе отпушти околу 1.000 од вработените во обид да го задржи пазарниот удел во позадина на силната конкуренција во секторот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП