23 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИСензационална добивка на Credit Suisse

Сензационална добивка на Credit Suisse

kredi-svis

Швајцарската банкарска групација „Credit Suisse“ оствари нето профит од 921 милиони франци (994 милиони долари) во последниот минатогодишен квартал.

Банката во истиот период една година претходно оствари загуба од 476 милиони франци.

Банката наведува дека зајакнувањето на франкот и моменталните ниски каматни стапки ќе го намалат нејзиниот годишен профит за три проценти во однос на заработката во 2014 година, но дека тие загуби ќе бидат надокнадени до крајот на 2017 година, пренесува агенцијата АП.

„Credit Suisse“ покрена низа мерки за да се заштити од ненадејното зајакнување на франкот во однос на другите валути, кое неодамна ги шокираше пазарите.

Банката додава дека дивидендата за 2014 година ќе остане на ниво од 0,7 франци по акција, како и дека на акционерите ќе им понуди опција да го зголемат бројот на своите акции наместо да добијат готовина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП