19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРВЈУИнтервју со Зоран Новковиќ – генерален менаџер на Ултра

Интервју со Зоран Новковиќ – генерален менаџер на Ултра

poki

Денар: Компанијата Ултра од Скопје е екслузивен партнер и дистрибутер на фирмата Smart Technologies и нивните Smart Board производи за Македонија. Може ли подетално да ни го опишете производот, што всушност е Smart Board?

-SMART Board интерактивната табла работи како дел од системот кој вклучува интерактивна табла, компјутер, проектор и софтвер за таблата – SMART Notebook софтвер за колаборативно учење кој се користи во образованието, или SMART Meeting Pro софтвер за бизнис корисниците. Компонентите се поврзуваат безжично, преку USB или сериски кабли. Проекторот кој што е поврзан со компјутерот ја прикажува десктоп сликата на интерактивната табла. Таблата го прифаќа допирот кој е направен со прст, пенкало или други цврсти предмети. SMART Board интерактивните табли се исто така достапни и како телевизори со пред-проекција кои имаат рамен екран – интерактивни површини кои се инсталираат на плазма или LCD панели.

SMART Board интерактивната табла користи DViT (Digital Vision Touch) технологија за да го детектира и реагира на допирот кој е направен на површината на интерактивната табла. Оваа технологија базирана на допир за интерактивните табли и интерактивните екрани користи дигитални камери, соодветен софтвер и firmware-от за детектирање на допирот кој е направен со прст, пенкало или друг тврд предмет на екранот. SMART ja користi DViT технологија во своите интерактивни табли, откако тие ја развија оваа технологија во 2003 година и продолжија да ја користат DViT технологијата во многу производи оттогаш, вклучувајќи ги SMART интерактивните табли, SMART интерактивните екрани и SMART масата за  интерактивно учење.

zoran

Денар: Каде ја наоѓаат својата примена интерактивните паметни табли Smart Board?

-Со овој вид на опрема веќе сме присутни во голем број на образовни институции: основни и средни училишта, факултети, академии, библиотеки, приватни училишта и центри за јазици, и други научно истражувачки институции, како и владини и невладини организации. Имаме и клиенти кои имаат купено Smart табли за дома и ги користат меѓу другото и како домашно кино.

Денар: Што ја одвојува оваа интерактивна табла од останатите уреди кои се нудат на пазарот со слична или иста намена?

-SMART опремата е најсофистицираната опрема која е достапна за образовните и бизнис институции. Интерактивните табли се направени од многу цврст материјал, а тоа ги прави истите и неуништливи. Технологијата за допир (touch), е составен дел од самата табла, со што ја прави компатибилна за работа со секој проектор, компјутер и софтвер што е инсталиран на компјутерот. Проекторот кој што се користи со SMART интерактивните табли не создаваат никаква сенка на интерактивната табла, а со тоа се доведува до подобро прикажување на содржината која се користи во моментот за презентација. Проекторот и таблата можат да прикажат содржина од секој уред кој што има видео излез (пример Android таблет, Android телефон, iPhone, iPad, лаптоп, компјутер и други уреди.) со што ја прави опремата достапна за секој.

Со SMART опремата се доставува бесплатен софтвер – SMART Notebook за образование или SMART Meeting Pro за бизнис секторот.

Во SMART Notebook софтверот, можете да креирате .notebook датотеки кои вклучуваат графици, текст, табели, линии, форми, анимации и многу повеќе. Презентирајте ја вашата содржина и истовремено задржете го вниманието на вашиот клас во текот на движењето и интеракцијата со објектите. Кога вашиот клас ќе даде коментари и предлози, напишете ги истите на страницата која што е отворена на таблата со користење на дигиталното мастило. Можете да отворите .notebook датотеки во SMART Notebook софтверот на Windows, Mac или Linux компјутери. Вие исто така може да ги  експортирате вашите документи во различни формати, вклучувајќи ги и HTML и PDF.

Можете да ги инсталирате и SMART Notebook алатките, како дополнителни додатоци за да додадете специјални карактеристики на SMART Notebook софтверот. SMART Notebook алатките го вклучуваат следново:

  • 3D алатки за SMART Notebook софтверот
  • Mixed Reality Алатки за SMART Document камерата
  • SMART Notebook алатка за математика

SMART Meeting Pro апликација ви овозможува да пишувате белешки со дигиталното мастило, да правите забелешки во документи и web апликации и сè да се запамети во еден документ. Со SMART Meeting Pro, можете да се поврзете повеќе интерактивни екрани во вашата сала за состаноци, и содржината која ја прикажувате ќе може да се дели меѓу истите. Софтверот исто така има подобрени алатки, како на пример линии, форми, текст конверзија и можност содржината да се снима.

SMART Meeting Pro софтверот ви овозможува да се пишува со дигиталното мастило и да се зачуваат обележаните страници и снимениот десктоп како еден PDF, PPT или документ кој содржи слика. Вие исто така може да пишувате тековните документи во програми како што се во Microsoft Word, Excel, PowerPoint, како и AutoCAD и Adobe Acrobat, и да се зачуваат истите документи во својот специфичен формат заедно со дигиталните забелешки. Кога состанокот ќе заврши, можете да ги испратите по e-mail на вашиот тим.

Со SMART Meeting Pro софтверот, вие имате пристап до моќни интерактивни алатки на таблата, како што се форми и линии, кои ќе ви овозможат без напор да создадете дијаграми и организациони шеми. Можете да ја смените рачно напишани забелешка во дигитален текст со користење на алатката за конверзија на текст. Софтверот исто така е содржи алатка која ви овозможува да ги снимите содржините од документот или веб-сајтот и да ги вметнете на вашата SMART Meeting Pro страница.

SMART Meeting Pro софтверот ви дава можност да се покаже страници на повеќе поврзани интерактивни екрани – а потоа да се споделат и да движат информации лесно помеѓу нив. SMART Meeting Pro софтверот исто така е конфигуриран за SMART Bridgit конференцискиот софтвер. Со купување на SMART Bridgit сервер софтверот, вие и вашиот тим можете да разменувате податоци на конференции со што ќе обезбедите сигурен соработка со вашите клиенти.

Денар: Според вашето досегашно искуство, но и од комуникацијата со светскиот производител, каков е профилот на луѓе кои се корисници на таблата?

-Можеби нескромно, но искуството на корисниците е исклучително позитивно и неповторливо.  Едукаторите од основните училишта, кои ги употребуваат SMART Board, се едни од најдобрите едукатори во државата и конкурираат за 100 најдобри едукатори во светот, преку манифестација која ја организира гигантот Мајкрософт. Исто така, бројни бизнис компании кои ги имаат SMART Board се презадоволни од големиот опсег на функционалноси но и употребливоста на овие уреди. До сега никој нема негативни реакции до нас.

Денар: Какви се реакциите на домашниот пазар?

-Сите  кои до сега имаат купено и набавено SMART Board преку Ултра и Унет се презадоволни. За жал поголем дел од луѓето овде се уште не се доволно информирани за исклучителните карактеристики на овие паметни табли и нивната огромна функционалност, но добро е тоа што се поголем број заинтересирани ни се јавуваат и се интересираат, а особено не следат на нашите социјални мрежи и facebook група, каде и најмногу прашуваат. Со неколку збора, купувачите се импресионирани од функционалностите и можностите на овие уреди и тие внесуваат сосема нова димензија во училниците, во нивните работни простории или домашна средина.

Денар: Каде може подетално секој заинтересиран да се запознае со таблата. Постои ли можност за презентација?

-Нашиот тим е е достапен за сите видови на презентации, во различен тип на институции кои имаат желба и интерес да добијат презентации. Исто така ние сме отворени и за презентации во нашите простории, каде сите можат да дојдат и да им извршиме презентација. Истовремено, SMART Board уред се наоѓа и во една од лабораториите на ФИНКИ, опремена со донација од Smart Technologies, Steljes и Ултра, каде имаме можност за презентација за поголеми групи потенцијални купувачи, и поголема палета на производи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП