3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНаградените агро бизниси од ПроКредит Банка на најголемиот светски саем во Берлин

Наградените агро бизниси од ПроКредит Банка на најголемиот светски саем во Берлин

prok

Четиринаесетте наградени агро бизниси од ПроКредит Банка, присуствуваа најголемиот саем за земјоделие и храна во Европа, Fruit Logistika во Берлин.

Во рамки на посетата имаа можност да се запознаат со најновите технологии и иновации во земјоделието и да оставарат бизнис контакти за соработка имајќи пристап до шест илјади бизниси од целиот свет кои работат во тој сегмент. За  наградените агро бизниси ПроКредит организираше и деловна средба со петнаесет откупци на земјоделски и прехрамбени производи од Германија заитересирани за откуп од земјите во регионот.

Македонските агро бизнисмени беа едногласни во ставот дека инвестирањето во технологија ,иновации и нови хибридни сорти се вратата за успех на Европските пазари. Германија ја гледаат како пазар со голем потенцијал за македонските производи од кој особен интерес постои за јаболки, грозје, лубеница, краставица, пипрка, домат.

‘’Од саемот добив корисни сознанија што му треба на европскиот пазар. Ова е предизвик да се пробиваме за подобар пласман и да се вратиме со визија за инвистициите кои се потребни за да конурираме таму.’’ изјави Бубе Трајковски, Клечовце, избран од ПроКредит Банка за најпроактивен агро бизнис во категорија на житни култури.

Европските пракси покажуваат дека формите за заштита на земјоделскиот род од природни непогоди со какви штотуку се среќаваме се одамна надминати со инвестиции во системи за управување со наводнувањето, заштитни механизми и системи за анализа на почвата. Европското земјоделство бара константно добар производ и загарантирана количина на договорените пласмани.

‘’ПроКредит заедно со најпроактивните агро бизниси кои ги наградивме беше присутна на саемот во Берлин. Ние сме специјализирана банка и ваквите настани се клучни за да ги следиме, стимулираме и финансиски да ги поддржиме бизнисите во инвестиции од европски калибар за унапредување на работата .’’ изјави Стевче Кузмановски, Директор на сектор за мали и средни претпријатија.

prok

Од банката најавуваат видно олеснување на пристапот до финансирање со поголеми износи. ПроКредит ќе кредитира преку Земјоделскиот Гарантен фонд и активно поддржува здружување на земјоделците преку кредитирање на земјоделски кооперативи.

ПроКредит Банка верува дека преку ваквите форми за вмрежување на македонските агро бизниси даваат дополнителен придонес кон поттикнување и поддршка на развојот на агро бизнисот како една од најпотенцијалните гранки во македонската економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП