21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSwatch задоволен од резултатите на почетокот на годината

Swatch задоволен од резултатите на почетокот на годината

swatchnc2u3y89r4[yt4hgt

Најголемиот производител на часовници во светот „Swatch“ соопшти дека ситуацијата во компанијата е на задоволително ниво.

Резултатите се добри и покрај преценетата вредност на швајцарскиот франк и падот на нето профитот во 2014 година.

Швајцарските производители на часовници се соочуваат со слаба побарувачка на кинескиот пазар, која дополнително би можела да се влоши со дополнителниот раст на франкот, што би резултирало со поскапување на нивните производи на странските пазари, се наведува во соопштението на компанијата.

Благодарение на сопственото производство и дистрибутивните мрежи, „Swatch“ очекува раст на профитот во швајцарски франци оваа година за десет проценти, како и добра рентабилност, пренесува Ројтерс.

„По тешката ситуација во декември минатата година, 2015 година започна во добар правец, работењето во јануари беше солидно“, се наведува во соопштението на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП