26 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBT го купува британскиот оператор EE за 19 милијарди долари

BT го купува британскиот оператор EE за 19 милијарди долари

ee operator

Телекомуникацискиот гигант „BT Group Plc“ постигна договор за купување на британскиот мобилен оператор „EE“ за 12.5 милијарди фунти (19 милијарди долари). Така поранешниот државен телеком ќе ја создаде најголемата компанија за безжичен и широкопојасен интернет и ќе ја потресе телекомуникациската индустрија во земјата, пишува „Bloomberg“.

„Orange“ и „Deutsche Telekom“, францускиот и германскиот сопственик на четиригодишната компанија, ќе добијат микс од пари и нови акции на „BT“, објави денеска „BT“. Комбинацијата ќе ги намали трошоците за околу 3 милијарди фунти. Зделката треба да биде одобрена од антимонополскиот орган во земјата и најверојатно ќе биде завршена до март 2016-та година, објави „BT“.

Ако трансакцијата биде реализирана, „BT“ ќе ја контролира најголемата мрежа за брз широкопојасен интернет, како и најголемиот оператор на безжичен интернет во Велика Британија. Ова ќе и овозможи да продава пакети со мобилни услуги, телевизија, домашен телефон и интернет услуги. Ваквиот чекор ќе ги натера нејзините конкурентите, како „Sky“ и „Vodafone Group“ да се замислат и да бараат начини за подобрување или додавање на услуги за да создадат нови пакети.

„Deutsche Telekom“ ќе добие 12% од акциите во новиот оператор, а „Orange“ ќе добие 4%. Германската компанија исто така ќе добие едно место во Управниот одбор. Таа, исто така, размислува да ги откупи акциите на „Orange“ во „BT“ за во иднина, изјавија извори кои запознаени со ситуацијата уште во декември.

„EE“ има околу 28 милиони клиенти и го надмина „O2“ на „Telefonica“, како втор најголем безжичен оператор во Велика Британија, како најпосакувана цел на „BT“, кога компаниите започнаа преговори во декември.

Неколку недели подоцна „Telefonica“ започна преговори за продажба на „O2“ на компанијата „Hutchinson Whampoa“ од Хонг Конг на милијардерот Ли Кашин. Целта е да ги спои „O2“ со неговата сопствена безжична компанија во Велика Британија- „Three“ и да создаде оператор со повеќе од 30 милиони корисници. Па според оваа бројка да го надминат „EE“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП