27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар подобар од Мешков Брест

Вардар подобар од Мешков Брест

vardar

Екипата на Вардар славеше победа против Мешков Брест во дуел од 13.коло на регионалната ракометна СЕХА лига.

На средбата одиграна вечерва во СЦ „Јане Сандански’’, македонскиот вице-првак до единаесеттиот триумф во СЕХА конкуренцијата, стигна со победата над белорускиот тим со 28:25.

Најефикасен во редовите на Вардар беше Тимур Дибиров кој постигна 8, додека Данил Шишкарев беше стрелец на 5 гола.

За црвено-црните сега претстои гостувањето во Загреб в недела, а кога е закажан и дуелот меѓу Металург и Војводина.

Потсетување дека металург попладнево на гостувањето во Словачка, кај екипата на Татран Прешов, загуби со 31:22.

Табела: Вестпрем 39 бодови (13 одиграни натпревари), Вардар 33 (13), Татран Прешов 27 (13), ППД Загреб 24 (13), Мешков Брест 24 (12), Металург 14 (12), Нексе 10 (13)… мс/21:51

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП