29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBridgestone ја затвара фабриката во Италија

Bridgestone ја затвара фабриката во Италија

PL-2006-Bridgestone Factory

Јапонскиот произведувач на гуми „Bridgestone“ извести дека следната година ќе ја затвори својата фабрика во јужна Италија, поради падот на побарувачката во Европа.

Во фабриката се вработени околу 950 луѓе и е една од вкупно осумте на оваа компанија во Европа, вклучувајќи и погоните во Шпанија, Франција, Полска и Унгарија. Погонот во Италија, кој се наоѓа во регионот на Бари и произведува гуми за патнички автомобили, се очекува да биде затворен во првата половина од 2014-та година.

„Bridgestone“ објави дека се подготвени да започнат преговори се со цел да се најде најдобро решение за 950-те вработени. Портпаролот во италијанската фабрика одбил да коментира какви мерки ќе бидат превземени, се додека првите луѓе на компанијата не ги завршат разговорите со синдикатот.

„Одлуката ја донесовме по темелната анализа на сите можни алтернативи, од кои ниту една не беше изводлива“, стои во соопштението на компанијата.

Побарувачката за автомобилските гуми во ЕУ најверојатно ќе се намали до 2020-та година и ќе се задржи под нивото од 2011-та година.

Нето добивката на „Bridgestone“ во минатата година скокна за 67 проценти или на 1.83 милијарди долари, а тоа е благодарение на послабиот јен, продажбата на премиум гумите и подобрената побарувачка во Азија, но и на јапонскиот пазар, што беше доволно да се надокнади падот во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП