17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAT&T го шири бизнисот во Мексико

AT&T го шири бизнисот во Мексико

at_t_BetaAP

Американската телекомуникациска компанија „AT&T“ соопшти дека има склучено договор со „NII Holdings“ за стекнување на „Nextel Mexico“ за околу 1.88 милијарди долари. Ова е уште еден голем чекор на телеком гигантите на мексиканскиот пазар.

Стекнувањето ќе му даде на „AT&T“ мрежа, која опфаќа околу 76 милиони луѓе на пазарот на безжичен интернет во Мексико. Компанијата планира да го интегрира „Nextel Mexico“ кон „Iusacell“, компанија која ја купи минатата година за 2.5 милијарди долари.

Договорот за „Nextel Mexico“ го вклучува и бизнисот со безжичен интернет на „NII Holdings“ во земјата, вклучувајќи мрежни средства, продавници, три милиони претплатници и лиценци за спектарот.

„AT&T“ соопшти дека очекува договорот да биде финализиран во средината на годината. Тој ќе треба да биде одобрен од регулаторите во САД и Мексико.

Американската компанија ја очекува одлуката на регулаторите за стекнување на давателот на сателитска телевизија „DirecTV“ за 48.50 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП