13 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНапиток кој ќе ви ја врати енергијата

Напиток кој ќе ви ја врати енергијата

61037407-napitak-zeleni-brokula-limun-jabuka

Суперхрана е епитет со кој обично ја опишуваме храната која има висока концентрација на витамини и минерали.

Ви претставуваме рецепт за напиток кој е „златен рудник“ за нутриенти кои се потребни да ви ја вратат енергијата, а во себе содржи зеленчук и овошје.

Во суперхраната нутриционистите ги класифицираат брокулата и лимонот кои во комбинација се одлично решение за вашето здравје.

Потребни состојки:

– 2 јаболки златен делишес

– 3 парчиња брокула

– Една шака спанаќ

– ¼ свежа краставица

– ¼ непрскан лимон

– 1 парче целер

– 1 см свеж корен од ѓумбир

– Коцки лед

Подготовка:

1. Откако добро ќе ги измиете состојките, во соковникот прво ставете го излупеното јаболко, а потоа спанаќот, лимонот, ѓумбирот, брокулата, краставицата, целерот и на крајот другото јаболко.

2. На добиениот сок ставете му неколку коцки лед и ставете го во блендер и промешајте.

Овој напиток е најдобро да го консумирате кога се чувствувате омалаксано, кога немате енергија и кога сакате да се разбудите.

Се што треба да знаете за брокулата

Брокулата има супер својства. Имено, овој зеленчук е „златен рудник“ за нутриенти. Брокулата е намирница која дава енергја, и е добра за видот , но има и антиканцерогени својства.

Интересно е тоа што брокулата има состојки кои помагаат при детоксикација на организмот, богата е со фолна киселина и го регулира варењето. Спаѓа во идеалните намирници за слабеење, бидејќи содржи малку калории, а поради големото количество на влакна и вода брзо создава ситост.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП