28 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAir France укинува уште 800 работни места

Air France укинува уште 800 работни места

airfrance154

Француската авиокомпанија „Air France“ има намера да укине уште 800 работни места и да направи дополнителна заштеда со цел да и се спротивстави на конкуренцијата од нискобуџетните компаниии.

„Air France“ веќе укина околу 8.000 работни места во периодот од три години во рамките на планот „Трансформ 2015“.

Иако „Air France“ ова година би требало да профитира од намалувањето на трошоците за горивo, багодарение на падот на цените на нафтата, таа компанија од летоска е соочена со намалување на приходите, што ќе ја принуди да го намали зголемувањето на бројот на авиони, да ја подобри продуктивноста и да продолжи со политиката за доведување на платите на умерено ниво, пренеусва Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП