18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSubway се враќа во Хрватска и ќе отвори 22 ресторани?

Subway се враќа во Хрватска и ќе отвори 22 ресторани?

sub hrv 235

Најголемата франшиза за брза исхрана во светот – „Subway“, оваа година сака да отвори ресторани во Хрватска.

Како што пишува „tportal“, меѓу целите на оваа компанија која во Европа поседува повеќе од 4.500 расторани, е да отвори најмалку 22 угостителски простори во Хрватска.

Поради тоа „Subway“ сака да оствари соработка со франшизерите со кои моментално започнува да остварува контакти.

„Целата инвестиција за отворање за нов ресторан се движи во износ од 115.000 евра, зависно од големината, положбата и видот на ресторан“, наведува менаџерот на синџирот „Subway“ задолжен за централна и источна Европа, Мартин Принц.

Синџирот за брза исхрана „Subway“ минатата година во средна и источна Европа отвори точно 50 ресторани, со што достигна вкупен број од 889 oтворени ресторани, а треба да потсетиме дека пред неколку години „Subway“ беше и во Хрватска, но последниот од шестте ресторани беше затворен во летото 2009-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП