Кралската банка на Канада (Royal Bank of Canada – RBC) објави купување на приватната американска банка „City National“, трансакција вредна 5,4 милијарди долари (4,6 милијарди евра), со цел зајакнување на групацијата во САД.
„RBC“, најголемата канадска банка според пазарната капитализација, нуди во кеш 47,25 долари по акција за „RBC“ и 0,7489 во акции од „RBC“.
„RBC“ предвидува дека ова купување ќе има позитивен ефект на финансиските резултати во другата половина од годината по завршувањето на трансакциијата, која е предвидена за четвртиот квартал од оваа фискална година.