22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИеBay скратува 2.400 работни места

еBay скратува 2.400 работни места

ebay 53

Непосредно пред поделбата подоцна во оваа година на два дела, „Ebay“ најави големи промени во структурата.

Компанијата за интернет трговија соопшти дека скратува 2.400 работни места, додавајќи тројца членови во Управниот одбор и ги испитува можностите за продажба на единицата „eBay Enterprise“, што им помага на компаниите да ги решаваат своите проблеми поврзани со веб продажба, пишува „ВВС“.

Промените ќе се направат како во „eBay“, така и во сервисот „PayPal“, кои се повеќе атрактивни по нивната поделба. Работни места ќе влијаат претежно во дел одговорен за онлајн платформата за продажба, и ќе опфати 7 отсто од работната сила на компанијата.

Покрај тоа, компанијата зема предвид 10% раст на нето добивката за четвртиот фискален квартал. Пионерот во онлајн продажбата наведува дека растот на продажбата дојде речиси целосно од „PayPal“, a не од нејзината интернет страна за продажба.

Во третиот квартал приходите од основниот бизнис на „eBay“ се зголемуваат за 1% и достигна 2.33 милијарди долари. За споредба – „PayPal“ забележа раст од 18% на продажбата или до 2.16 милијарди долари.

Општо земено приходите на компанијата се зголемни за 8.6% или до 4.92 милијарди долари, а нето добивката отскокнува до 936 милиони долари во однос на минатогодишните 850 милиони долари.

За оваа година „eBay“ очекува продажба меѓу 18.6 и 19.1 милијарди долари, што е под очекуваните од аналитичарите 20 милијарди долари. „еВay“ објави дека очекува поделбата да чини меѓу 350 и 400 милиони долари.

Компанијата тврди дека бројот на активни купувачи се зголеми за 5% во текот на кварталот, во споредба со 11-те проценти за целата година.

Главниот извршен директор на „eBay“, Џон Донахоу тврди дека 2015-та година ќе биде исполнета со уште предизвици за компанијата. Тој очекува дека нејзиното претставување ќе се влоши за кратко, а потоа ќе се стабилизира повторно.

Донахоу, кој планира да се повлече по поделбата на „eBay“, наведува дека промените во пребарувачките алгоритми на „Google“ се одразиле негативно на „eBay“, на сметка на онлајн купувачи кон други сајтови за шопинг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП