22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmerican Expreѕѕ ќе отпушти 4.000 вработени

American Expreѕѕ ќе отпушти 4.000 вработени

am expres 5

„American Express“ има во план во компанијата да отпушти повеќе од 4.000 вработени, изјави портпаролот на компанија.

Тоа, според последниот годишен извештај на „American Express“, значи дека ќе бидат отпуштени околу 6 проценти од вкупниот број на вработени во компанија. Портпаролот прецизираше дека намалувањето на работните места се однесува како на американскиот, така и на меѓународниот бизнис сектор на компанијата.

Компанијата во четвртиот квартал имаше трошоци пред оданочување од 313 милиони долари, дел и поради отпуштањата.

Главниот финансиски директор на „American Express“, Џефри Кембел рече дека отпуштањата ќе бидат дел од неутрализирањето на вработувањето во други делови на компанијата.

Вредноста на акциите на „American Express“ забележа пад на берзите за 2.4 проценти, односно на 85.50 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП