17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTotal ќе ги намалува трошоците за 10 проценти

Total ќе ги намалува трошоците за 10 проценти

FRANCE TOTAL JOBS

Францускиот нафтен и гасен гигант „Total“ планира да ги намали капиталните трошоци за 10 отсто во оваа година во одговор на тенденцијата на падот на цените на енергетските суровини, пренесува „Financial Times“.

Ова доаѓа во позадина на најавение отпуштања на работници во енергетската индустрија во вторникот. Претходно во текот на денот давателот на нафтени услуги „Baker Hughes“, кој се спои со „Halliburton“ со договор во вредност од 26.8 милијарди долари, посочи дека ќе отпушти 7.000 вработени.

Меѓународните цени на суровата нафта се намалија за речиси 60 отсто од јуни 2014-та година, како резултат на слабиот пораст на побарувачката за нафта и одлуката на ОПЕК да не го намали производството во ноември.

Главниот извршен директор на „Total“, Патрик Пујане посочи дека најголемите енергетски компании во светот би можеле да се појават како „победници“ од турбуленциите на пазарот, бидејќи имаат можност за поголема флексибилност. Поддршка за тоа се наоѓа и во фактот дека каматните стапки на централните банки продолжуваат да се на најниско историско ниво.

Според него „Total“ ќе направи значителни и брзи намалувања на трошоците во текот на оваа година. Тие ќе вклучуваат кратење на средствата за истражување и развој во Северното Море, Канада и Западна Африка.

Групата исто така си постави за цел да го замрзне вработувањето на нов персонал во 2015-та година. Во овој поглед Пујане очекува пад на капиталните расходи со 2-3 милијарди долари во однос на пријавените од пред една година вкупно 26 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП