26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИJohnson & Johnson забележа пад на профитот

Johnson & Johnson забележа пад на профитот

johnson_and_johnson

Американскиот производител на козметички и хигиенски артикли „Johnson & Johnson“ објави квартален пад на профитот кој сепак беше малку поголем од очекувањата на аналитичарите.

Продажбата на нови лекови и главните брендови на компанијата ја компензираше слабата побарувачка за медицински уреди и хигиенски производи.

Нето профитот во четвртиот квартал од 2014 година падна на 2,52 милијарди долари (2,17 милијарди евра), што претставува 89 центи по акција, додека една година претходно изнесувал 3,52 милијарди долари (1,23 долари по акција).

Не сметајќи ги додатните елементи, профитот по акција изнесува 1,27 долари, што е за еден цент повеќе во однос на предвидувањата на аналитичарите.

Прометот е намален за 0,6 проценти, на 18,25 милијарди долари, додека аналитичарите предвидуваа дека во просек ќе изнесува 18,55 милијарди долари, пренесува Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП