21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИUber ветува нови 50.000 работни места во ЕУ

Uber ветува нови 50.000 работни места во ЕУ

uber23

„Uber“ ќе создаде 50.000 работни места во Европа оваа година, ако регулаторните органи работат со компанијата, изјави нејзиниот шеф, нудејќи помирувачки тон на пазарот на кој таа се соочува со жестокиот отпор.

За време на технолошка конференција во Минхен основачот и извршен директор на „Uber“, Тревис Каланик изјави дека според плановите на компанијата 400.000 автомобили ќе престанат да се движат по патиштата на ЕУ.

„Сакаме да ја претвориме 2015-та во годината во која ќе воспоставиме ново партнерство со европските градови, каде инсистираме на напредна регулација која гарантира иновации и помага за изградба на најпаметните градови на иднината. Тоа значи дека ако можеме да ги оствариме овие партнерства, ќе создадеме 50.000 нови работни места во ЕУ и сакаме да укинеме 400.000 автомобили од патиштата во ЕУ во 2015-та година“, вели Каланик.

Таксистите во Франција протестираа во декември, по големите демонстрации во Велика Британија и Германија во почетокот на годината. Франција и Шпанија ја забранија услугата „UberPop“, која им овозможува на возачите без такси лиценца да се регистрираат во „Uber“ и да возат клиенти во своите автомобили по пониски цени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП