3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКазните го намалија профитот на JPMorgan Chase

Казните го намалија профитот на JPMorgan Chase

A

Заработката на американската банка „JPMorgan Chase“, најголемата банка во САД според обемот на средства, во последниот квартал минатата година е намалена за седум проценти.

Овие резултати се под очекувањата на аналитичарите.

Во соопштението на банката се наведува дека во три месеци заклучно со декември заработила 4,93 милијарди долари или 1,19 долари по акција, во споредба со профитот од 5,28 милијарди долари, или 1,30 долари по акција од истиот период во 2013 година, пренесува агенцијата АП и додава дека намалената заработка на „JPMorgan Chase“ е последица од издвојувањето на 990 милиони долари за судските трошоци.

Вкупните приходи на банката во истиот период се намалени за три проценти на 22,5 милијарди долари од 23,2 милијарди долари од истиот период во 2013 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП