4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВака најголемите светски брендови „војуваат“ преку рекламите! (видео)

Вака најголемите светски брендови „војуваат“ преку рекламите! (видео)

Coca-Cola-Pepsi-Koka-Kola2

Меѓу најпознатите брендови кои отворено ја „повикаа“ својата конкуренција се „Pepsi“ и „Coca-Сola“, потоа „Audi“ и „Mercedes“, како и „Audi“ и „BMW“ и „Apple“ и „Samsung“.

Ве потсетуваме на некои од рекламите на споменатите брендови во кои на многу отворен начин ја „повикуваат“ конкуренцијата.

1. „Coca-Cola“ и „Pepsi“

Ривалството меѓу двата најголеми светски производители на газирани пијалоци трае повеќе од сто години.

Оваа „војна“ започна далечната 1886-та година кога Џон Пембертон го разви оргиналниот рецепт за „Coca-Cola“. „Pepsi“ се појави 13 години подоцна од страна на фармацевтката Калеб Брадхам.

2. „Audi“ – „BMW“ и „Audi“ – „Mercedes“

Уште една од отворените медиумски „битки“ веќе со години се води меѓу двата автомобилски гиганти „BMW“ и „Audi“. Тие меѓусебно многу отворено се провоцираат во своите медиумски кампањи.

По „војната“ со „BMW“, „Audi“ влезе во уште една медиумска „битка“ и тоа со „Mercedes“. Интересно, додека „BMW“ знаеше да возврати на предизвикот, „Mercedes“ долго време само го игнорираше овој потег.

3. „Samsung“ – „Apple“

Една од најновите „војни“ преку рекламите е онаа меѓу двата „IT“ гиганти – „Samsung“ и „Apple“. Оваа битка веќе неколку години се води и на правна основа.

Иако неколку пати беа на работ до постигнување решение, сепак до тоа не дојде, па токму поради ова судење, јавноста доби интересни информации кои беа сокриени за сцената.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП