20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПриходите на Винер во минататa година над 700 милиони денари

Приходите на Винер во минататa година над 700 милиони денари

vinertrt

Осигурителната компанија Винер минатата година ја заврши со приход од над 700 милиони денари. Според нив ова претставува натфрлувње на рекордното остварување од 2013 година и ја зголеми премијата за 3,5 пати во изминатите 6 години.

Од компанијата велат дека константниот и стабилен раст е директен показател за препознатливоста на брендот меѓу клиентите кои знаат дека секогаш добиваат повеќе за своите пари.

Целокупното внимание го насочуваме на нашиот клиент, на обичниот граѓанин, обезбедувајќи му не само продукти приспособени на неговите потреби и можности, туку и дополнителна вредност за неговите пари ­ брза и беспрекорна услуга, експресно решавање и исплата на штета, достава на полисата на рака, атрактивни подароци, целосна достапност за совет и помош во секое време, истакнува Зоран Нарашанов, генералниот директор на компанијата.

Од Винер посочуваат дека зголемувањето на побарувачката на нивните услуги го следи ширењето на продажната мрежа и оти до крајот на годината од 72 ќе достигнат до 100.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП