Ако не сакате наталожено сало околу половината, туку витка и секси линија, намалете го внесот на следните намирници.
Нормално дека стомачните и сличните вежби помагаат да ја одржиме витката линија, но мора да внимаваме и на тоа што го јадеме ако не сакаме да имаме сало околу стомакот.
Ова се намирниците кои би требало да ги консумирате многу ретко и во мали количини…
Преработки од месо
Полни се со соли, адитиви, бои, засилувачи на вкусот, односно се што не е потребно, а влијае на задржувањето на течностите во организмот.
Алкохол
Жестоките пијалоци имаат многу шеќери, виното отвора апетит, а за „пивскиот стомак“ веќе сте слушнале. Наздравете повремено, кога за тоа ќе постои причина.
Масни сирења и кашкавали
Тешко е да им се одолее, но потребно е да ги избегнувате.
Газирани сокови
Не само што влијаат на таложењето на мастите во пределот на стомакот и половината, туку не се добри ни за нашето срце и крвните садови. Исто така, газираните сокови отвораат апетит, имајте го тоа на ум.
Пецива
Повторно празни калории кои само му испраќаат на организмот порака да ги сочува мастите од претходно, бидејќи лошо се храниме и не му ја даваме енергијата која му е потребна за секојдневните активности.
Слатки
Мммм, прекрасни се. Но и тоа се празни калории кои ја зголемуваат големината на половината, особено кај жените.