16 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГазпром сака да ја купи турската компанија Акфел Газ

Газпром сака да ја купи турската компанија Акфел Газ

gaz71267773

Руската енергетска компанија „Газпром“ поднела барање до антимонополската комисија за стекнување удел во турската компанија „Акфел Газ“, со што ќе стане најголемиот гасен монопол во Турција.

Во август 2012-та година „Акфел Газ“ склучи 30-годишен договор за снабдување на Турција со 2.25 милијарди кубни метри од 1-ви јануари 2013-та до 31-ви декември 2045-та година.

Кон крајот на 2014-та година, „Газпром“ потпиша меморандум со турскиот државен енергетски оператор „Ботас“ за изградба на гасоводот низ Црното море во Европа, кој ќе ја заобиколи Бугарија и ќе го замени „Јужен ток“.

Соопштено е дека Турција би можела да добие дополнителен попуст за руски гас.

Истовремено, Европската комисија ја поддржува изградбата на гасниот јазол во Бугарија, по откажувањето од проектот „Јужен ток“.

Сепак, потпретседателот на Европската комисија за енергетика Марош Шефчович напоменува дека за отворањето на ваков центар во Бугарија, потребно е многу работи да се реализираат.

По откажувањето на Русија од „Јужен ток“, голем број на заинтересирани европски земји ја обвинија Бугарија дека под притисок на Вашингтон и Брисел ја „минирала“ изградбата на овој проект, при што се оштетила и себеси за милијарди евра приход.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП