2 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРекорден бројот на патници на Swiss Airlines

Рекорден бројот на патници на Swiss Airlines

swissjnmhairlines

Швајцарскиот авиопревозник „Swiss International Airlines“ во минатата година ја премина симболичната граница од 16 милиони патници, соопштија од компанијата.

„Swiss Airlines“ во 2014 година превезе вкупно 16,16 милиони патници, а само во декември 1,23 милиони, што е за 2,6 проценти повеќе во однос на истиот месец претходната година, пренесува швајцарскиот весник „20 минути“.

На европската мрежа остварени се 125.901 летови, а на меѓународната 18,215 летови, со годишне пад од 2,2 проценти и раст од 2,9 проценти, соодветно.

Стапката на пополнетост на капацитетот во 2015 година била приближно до нивото од претходната година, односно 83,7 проценти, со пад на меѓународната мрежа за 0,8 процентни поени и пораст од 1,4 поени во Европа.

Товарниот сообраќај на „Swiss Airlines“ бил во пораст за 0,5 проценти во однос на 2013 година.

Во 2014 година оваа виокомпанија, која е под контрола на германската „Lufthansa“, летала на 104 дестинации во 48 земји. Во 2013 година бројот на вработени изнесувал 8,250 работници а приходот бил поголем од 5,0 милијарди франци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП