24 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle ќе нуди преводи на разговори во реално време

Google ќе нуди преводи на разговори во реално време

google patenti

„Google Translate“ наскоро ќе нуди преводи во реално време и ќе бидете во можност да ги прочитате сообраќајните знаци.

„Google Translate“ веќе преведува текстови на над 90 јазици, но компанијата планира да се ажурира апликацијата и да нуди преводи на разговори во реално време, објави „The New York Times“.

Апликацијата автоматски ќе детектира, ако некој зборува популарен јазик и ќе го може да го претвора во пишан текст.

Апликацијата исто така ќе бидат во можност да препознава текст од слики и да го преведе, што ќе овозможува користење на програмата за читање на сообраќајни знаци и други натписи на непознати јазици. Ова веројатно е резултат на неодамнешната аквизиција на „Wordlens“, апликација која има доста слични карактеристики.

Од „Google“ тврдат дека нивната апликација за преводи била инсталирана повеќе од 100 милиони пати на „Android“ телефоните.

„Во моментов има 500 милиони активни корисници на програмата, на сите наши платформи. Со оглед дека 80 до 90 проценти од интернет е само на 10 јазици, преводот станува важен дел од обуката за многу луѓе“, вели Макдуф Хјуз, инженерски директор на „Google Translate“.

Автоматски превод на веб страници на некој од основните јазици е веќе во функција на прелистувачот на „Google“ – „Chrome“.

Се смета дека овој потег е делумно како одговор на технологијата на „Skype“, која овозможува преведувањето на разговори во живо.

Услугата за преведување на „Skype“ беше пуштена за тестирање минатиот месец, но доби мешани критики. Технологијата на „Skype“ работи само при превод од шпански на англиски и обратно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП