2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПекабеско повторно на пазарот во Република Српска

Пекабеско повторно на пазарот во Република Српска

pekabesko t4

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Српска соопшти дека ја става надвор од сила забраната за промет на сите производи на Пекабеско.

„По добивањето на резултатите за исправност на сите производи на Пекабеско од Ветеринарниот институт „Др. Васо Бутозан“ наредбата е дадена на објавување во тамошниот Службен весник“, се наведува во соопштението од Пекабеско.

Претходно, увозникот на Пекабеско за Босна и Херцеговина, Лебуриќ комерц соопшти дека сите производи на Пекабеско кои се увезени во БиХ се потполно исправни и ги задоволуваат сите пропишани стандарди за квалитет и безбедност на храна. Како што се додава во соопштението, и дополнителните анализи кои беа напrавени на 80 Пекабеско производи од страна на Ветеринарниот институт „Др. Васо Бутозан“ покажаа дека ниту еден производ не содржи поголемо количество фосфати од пропишаното.

„И вонредната контрола што месецов ја изврши македонската Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) по однос на додадените фосфати уште еднаш потврди дека производите на Пекабеско се безбедни, односно дека нема додадени фосфати над дозволените граници пропишани со домашниот и правилниците на земјите од регионот, како и европските директиви за додадени фосфати. По однос на микробиoлошките анализи, никогаш не било утврдено присуство на недозволени бактерии во производите на Пекабеско“, велат од компанијата.

Извршниот директор на Пекабеско, Слободан Кутревски изразувајќи благодарност до потрошувачите кои во изминатите две децении ја даваа својата доверба купувајќи ги нивните производи вели дека тоа резултира со континуирано инвестирање на компанијата во нови производствени погони, нови производи и вработување на повеќе од 400 лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП