Неодамна видовме кои намирници кои секојдневно ги јадеме содржат 200 калории, а сега „Calorific“ ни открива која количина на храна која се консумира за празниците има 200 калории.
Ако сакате да го заштедите времето поминато во теретана и вежбање веднаш по Новогодишната ноќ, погледнете ја следната листа…
1. Чадорчиња лижавчиња
Четири слатки чадорчиња кои тежат 47 гр имаат 200 калории.
2. Колач од ѓумбир
Еден ипол колач од ѓумбир, или 56 гр, има 200 калории.
3. Шампањ
Две чаши шампањ или 308 милилитри шампањ содржат 200 калории.
4. Греано вино
182 милилитри од греаното вино имаат 200 калории.
5. Шунка
Дури ни 200 грама шунка не можете да изедете ако сакате да внесете само 200 калории, бидејќи 174 грама содржат толку.
6. Мисиркино месо
Во 106 г мисиркино месо има 200 калории.
7. Печен компир
Со 183 гр компир печен во рерна ќе внесете 200 калории
8. Чоколадни парички
Чоколадните парички кои се особено популарни во ова време од годината се многу калорични – само 35 гр од овие чоколадни парички имаат 200 калории.
9. Чоколаден Дедо Мраз
55 грама од оваа омилена новогодишна закуска содржи 200 калории.