2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCitigroup го продава бизнисот во Jапонија

Citigroup го продава бизнисот во Jапонија

citigroup2

Американската банкарска групација „Citigroup“ ќе ги продаде своите, еден век стари, филијали во Јапонија на локалната банка „Sumitomo Mitsui Banking Corporation“.

Банката се обидува да го намали обемот на мали операции на глобално ниво, соопшти денес групацијата „Citigroup“.

Финансиските детали за трансакцијата не се соопштени, но јапонските медиуми пишуваат дека договорот е вреден 40 милијарди јени (333 милиони долари), пренесува агенцијата Франс прес.

Според договорот, „Sumitomo Mitsui Banking Corporation“ ќе го преземе бизнисот на „Citigroup“ во Јапонија, вклучувајќи 32 експозитури, 740.000 клиенти, 1.600 вработени и депозити вредни 2,5 билиони јени. Трансакцијата би требалo да биде комплетирана на крајот на 2015 година.

„Продажбата е уште еден чекор во стратегијата за насочување на нашето глобално потрошувачко банкарство“, наведе американската банка, која на јапонскиот пазар се појави во 1902 година, како еден од првите странски кредитори во Јапонија.

Британскиот банкарски гигант „HSBC“ пред две години исто така се повелече од малопродажното банкарство во Jапонија и во моментов мал број на странски банки нудат такви услуги во Јапонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП