28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБорбата против фалсификатите ги чини 160 милиони долари

Борбата против фалсификатите ги чини 160 милиони долари

abab

Кинескиот гигант за тргување преку интернет „Alibaba“, соопшти дека вложил повеќе од 160 милиони долари во борбата против фалсикуваната стока на својата интернет страна од почетокот на 2013-та година до ноември оваа година.

Компанијата за следната година ќе вработи уште 200 луѓе и со сегашните 2.000 ќе го зголеми бројот на работници кои имаат задача да ја отстрануваат лажната стока од интернет страната.

За оваа работа се ангажирани и 4.5000 волонтери, кои секој ден бараат незаконска стока, пренесе „BBС“.

Пред излегувањето на берзата во Њујорк, каде вредноста на „Alibabа“ е проценета на 25 милијарди долари, компанијата соопшти дека фалсификуваната стока би можела да наштети при привлекувањето на муштерии, вложувачи и трговски партнери во САД.

Интернет страната за трговија „Е-bаy“ соопшти дека годишно троши 20 милиони долари на програмата за заштита на купувачите од фалсификати.

„Имаме голема одговорност во борбата против фалсификатите“, соопшти Џонатан Лу, директор во „Alibaba“.

Работењето на „Alibabа“ беше на американската „црна листа“ поради кршењето на правата на интелектуална сопственост до 2012-та година.

Минатата година, кога „Alibaba“ оствари промет од девет милијарди долари, американската администрација за индустрија и трговија, утврди дека повеќе од десет проценти од стоката била фалсификувана или многу сомнителна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП