24 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМузичари бараат од YouTube милијарда долари

Музичари бараат од YouTube милијарда долари

yt na

„YouTube“ ќе се соочи со тужба во износ од милијарда долари од страна на Фарел Вилијам, групата „Eagles“ и други музичари, кои бараат отстранување на околу 20.000 спотови од овој канал.

Ирвинг Азоф, основачот на асоцијацијата „Global Muisc Rights“, која застапува преку 40 уметници меѓу кои се Фарел Вилијамс, Крис Корнел, Смоки Робинсон, Џон Ленон, „Eagles“, тврди дека „YouTube“ нема право за илјадници песни кои се наоѓаат на овој сервис.

Иако „YouTube“ преговараше и склучи договори со многу издавачки куќи, Азоф вели дека тоа не го сториле со самите изведувачи. Тој изјави дека музичарите кои ги застапува, сакаат да го тужат токму „YouTube“, затоа што за разлика од другите стриминг страни, тие се „најмалку кооперативни“.

Сепак, „Google“, кој има во план да го лансира „Music Key“, музички сервис кој следната година ќе биде конкуренција на сличните страни како „Spotify“ и „Pandora“, тврди дека врз основа на претходните договори, „YouTube“ ги поседува правата за повеќето песни.

Меѓутоа, адвокатот на асоцијацијата „Global Music Right“, Хауард Кинг, рече дека „YouTube“ не ги доставил на увид претходните договори.

Магазинот „NME“ се обиде да контактира со „YouTube“ во врска со ова прашање, но не добија никаков одговор.

Во меѓувреме, прашањето за правата на музичарите, кога станува збор за „стриминг сервисите“ беше предмет на многу дискусии. Па така на почетокот на месецот беше објавен податок дека синглот „Happy“ на Фарел Вилијамс на сервисот „Pandora“ во текот на 2014-та година бил преслушан 43 милиони пати, а самиот музичар заработил само 2.700 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП