6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДоговорена продажбата на Hypo во ЈИ Европа на Advent

Договорена продажбата на Hypo во ЈИ Европа на Advent

hipo grup24

Американската компанија „Advent International“ и Европската банка за обнова и развој (EBRD) вчера потпшишаа договор за купувње на подружницата на „Hypo“ банка во Југоисточна Европа (Hypo Group Alpe Adria), која се состои од шест банки во Хрватска, Србија, Словенија, БиХ, како и во Црна Гора, соопштија денеска од „Hypo Alpe-Adria-Bank“.

Прелиминарната цена, како што се наведува, изнесува 200 милиони евра, а е поврзана со финансиските резлутати и остварувањата во 2014-та и 2015-та година, додека минималните очекувања за инвестицијата изнесува 50 милиони евра.

Предвидено е трансакцијата и процесот на приватизација во согласност со Европската комисија да се реализираат до средината на 2015-та, по дефинирањето на преостанатите детали.

Мрежата на подружницата на „Hypo“ во Југоисточна Европа има 1.15 милиони клиенти, 245 експозитури и располага со имот од 8.4 милијарди евра. Новата сопственичка структура претстави и голема развојна перспектива за „Hypo“ банката во регионот, се наведува во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП