2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBritish Petroleum ја загуби правната битка

British Petroleum ја загуби правната битка

bp oman

Врховниот суд на САД ја одби жалбата на „British Petroleum“ (BP) со која оваа компанија сакаше да ја намали висината на штетата која мора да ја плати поради излевањето на нафта во Мексиканскиот залив пред четири години.

Казната од 43 милијарди долари, „BP“ ја покри најголемиот дел со продажба на сопствениот имот. „Масло на оганот“ додаде и падот на цената на нафтата на светскиот пазар.

„Колку состојбата може да се влоши за „British Petroleum“? Само погледнете ни што минаа во последната деценија. Загубата на спорови, излевањето на нафта или цената на нафтата на пазарите. Тешко дека среќата ќе им се насмевне во скоро време, па затоа веруваме дека е реално да очекуваме намалување на дивидендата“, вели пазарниот аналитичар Џастин Ургухарт Стјуарт.

Од „BP“ најавија програма за реструктуирање на компанијата, вредна милијарда долари. Па така 87.000 нивни работници ширум светот ќе останат без работа до крајот на наредната година.

Притисокот расте и од другите нафтени гиганти, бидејќи цената на оваа суровина на светскиот пазар се доближува до петгодишниот минимум.

Од средината на годината до денеска, цената на нафтата падна за 40 проценти, а енергетските компании на американската берза во исто време загубиле 16 проценти од својата вредност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП