5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКапитол мол го прослави првиот роденден со бројни подароци за своите потрошувачи

Капитол мол го прослави првиот роденден со бројни подароци за своите потрошувачи

mol

Трговскиот центар со европски шмек, кој пред сѐ се перцепира како семејно ориентиран и уникатен во пристапот до своите потрошувачи, Капитол мол, прослави една година од своето отворање.

Денес, 12 декември, роденденот беше одбележан со бројни подароци за посетителите, а вечерта ќе има и вечерен концерт на музичката група Eye Cue.

Роденденската забава ќе продолжи и во следните денови, во сабота на 13 декември со концерт на Сара Мејс и Тони Зен, а во недела на 14 декември со театарска детска претстава.

mol

„Денес и официјално славиме една година од отворањето на трговскиот центар Капитол мол.  Можеби мал јубилеј, но за нас посебно драг, особено бидејќи веќе една година сме нераскинлив дел од многу семејни приказни, љубовни состаноци, детски родендени и интересни забави, на квалитетен шопингот за сите генерации. Граѓаните во капитол Мол препознаа топол, пријателски и уникатен простор во кој преферираат да го поминат слободното време. Затоа и сакаме да им се заблагодариме на сите граѓаните кои изминатава година нè посетија, и за кои подготвивме и подароци за нивните родендени во текот на цела година. Се надевам дека сите заедно и понатаму ќе уживаме во капитол Мол, а ние постојано ќе се трудиме да понудиме нешто дополнително на радост на сите“ – изјави Даниела Адемоска, сопственичка и генерален директор на Капитол мол.

capi

Капитол мол нуди квалитетни содржини, за сите наши потрошувачи, од најмладите, до најстарите. Изборот е огромен од продавници за: мода, спорт и модни додатоци, детски продавници, ресторани за храна, кафулиња, парфимерии и дрогерии, центар за куглање и билијард 4Боулинг, фитнес центар, детска игротека и многу други содржини. Со својот пријатен и несекојдневен амбиент, Капитол мол симболизира квалитет во трговијата на мало, обезбедувајќи го сиот конфор на шопингот.

Капитол мол – Твое место за твојот роденден

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП