1 јули, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMcDonald’s плаќа за скандалот во Кина

McDonald’s плаќа за скандалот во Кина

mcdonaldsheinz

Американскиот ланец ресторани за брза храна „McDonald’s“ во ноември забележа пад на продажбата поголем од очекуваниот.

Падот е последица на зголемените активности на конкуренцијата на пазарите во САД, како и избивањето на скандалот во Кина поради употребата на несоодветно месо за производство на хамбургери.

Продажбата на „McDonald’s“ во ноември оваа година, на споредлива површина објекти, била за 2,2 проценти помала во однос на истиот месец во 2013 година, додека аналитичарите во просек предвидуваа пад од 1,7 проценти, пренесува Ројтерс.

Продажбата во рестораните на „McDonald’s“ во САД во ноември се намали за 4,6 проценти, а во Азиско-пацифичкиот регион, на Блискиот Исток и Африка падот изнесувал четири проценти.

Во Европа, продажбата е намалена за два проценти, и покрај позитивните резултати на британскиот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП